Не постои поголемо задоволство од среќно и насмеано дете – 20 ноември светски ден на детето

//Не постои поголемо задоволство од среќно и насмеано дете – 20 ноември светски ден на детето

Не постои поголемо задоволство од среќно и насмеано дете – 20 ноември светски ден на детето

Децата се непроценливо богатство за човештвото. За жал во светот секојдневно изложени се на многу страдања, несреќи, непочитувања, почнувајќи од фундаменталната потреба за храна до најсуровата вистина, деца жртви на војни. Гладуваат страдаат, умираат. И сето тоа заради возрасните.

Со цел заштита на децата на глобално ниво на 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а 30 години подоцна на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝприпаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Според принципите, сите деца и млади ги имаат истите права, право на најголем можен степен на здравје, бесплатно основно образование, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати, право на добро воспитување. Нивните родители или други воспитувачи не смеат да употребат сила, малтретирањето и злоупотребата се забранети. Децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство, имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба.

Во едно од тие многу права спаѓа и правото на детето да му помогнеме дa го оствари својот потенцијал. Кој се воочува преку воспитувањето и образовснието . Без оглед на поединечните потенцијали основната насока за сите деца треба да е во психо-физичкиот развој. Создавање на здрави генерации е базата за доброто на човештвото. Спортувањето овде го има примарното место заради икс причини. Воспитно – социјална активност преку која се стимулира правилниот развој.

Според многу научни истражувања шестата година од животот на децата е долната граница за поттикнување на физичка ориентација преку спортување. Со спортувањето децата ги засилуваат своите особини кои се полезни за нив како поединци но и за групата, општеството во кое живеат. Како што се почитувањето, толеранцијата, соработката, борбеноста, самодовера, правичноста, како и многубројни навики преку кои од најмала возраст се поставуваат принципите на функционирањето на единката во иднина.

Сите ние имаме обврска да работиме за доброто на децата. Во тој контекст за крај на овој текст го одбравме слоганот кој е причина и цел заради кои функционира школата за ракомет на идолот на многу деца капитенот Лазаров , “РАКОМЕТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ”.

2019-11-20T11:31:31+00:00 November 20th, 2019|Главни Новости|0 Comments