Три победи и еден пораз на пионерите на КЛ7

/, Кисела Вода, Св. Николе, Струга/Три победи и еден пораз на пионерите на КЛ7

Три победи и еден пораз на пионерите на КЛ7

Овој викенд нашите екипи одиграа четири натпревари во пионерска конкуренција и на истите забележаа три победи и еден пораз. Во машка конкуренција се одигра шестото коло, а во женска осмото коло

Пионерите од Скопје ја забележаа својата четврта победа, овој пат против екипата на РК Шампион, со резултат 10:18. Лошо започнаа и двете екипи по 14 минути играа успеаа да постигнат само три погодоци, односно резултатот гласеше 1:2, до крајот на првиот дел заминавме со водство од 3:5.

[Фотогалерија] Нова победа на КЛ7 Скопје во пионерска конкуренција

Во вториот дел одигравме подобро, прво успеавме да се одвоиме резултатски и да поведеме со четири погодоци, 5:9, а пред самиот крај да дојдеме и до максимални седум погодоци односно 9:16. Конечниот резултат гласеше 10:18. И по шестото коло нашата екипа останува непоразена и со најдобрата одбрана во целата пионерска лига, односно со вкупно примени 66 погодоци или 11 погодоци по натпревар. Во следното коло го очекуваме актуелниот шампион во пионерска конкуренција, екипата на Металург.

РК Шампион – КЛ7 Скопје 10:18 3:5

КЛ7: Василевски, Ќурчиев, Д. Пасковски, Ниновски 1, Тричковски 3, М. Пасковски 1, Зафировски 4, Николовски, Маркоски, Продановски, Билбиловски 1, Глигоров 3, Проданов 5, Трајков, Ѓорчевски, Андреевски.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

КЛ7 Свети Николе дојде до својата втора победа по ред, откако ја совладаа екипата на Текстилец од Штип со резултат 22:18. Првиот дел помина во израмнета игра и со дури седум израмнувања. На крајот од првиот дел заминавме со минимална предност од 10:9. Вториот дел го отворивме со серија од 6:0 и веќе беше познат победникот на овој натпревар. До крајот на натпреварот не дозволивме да ни се приближат резултатски и го завршивме со конечни 22:18. Пионерите од Свети Николе со оваа победа дојдоа до втората позиција, во следното и последно коло за група 1 ќе гостуваат во Велес кај последно пласираната екипа на РК Бисинов Вардар

КЛ7 Свети Николе – РК Текстилец  22:18 13:10

КЛ7 Свети Николе: Андов 1, Гичев 1, Ивановски, Лазаров, Г. Коцев, П. Гоцев, Панев, Тодоров 1, Кочиев, Даскалов 5, К. Атанасов 1, Крстев 9, Трајчев 4, Т. Атанасов, Донев, Тодоровски

Седмерци: 2/3 Исклучувања: /

Продолжи победничката серија на пионерите од Струга, тие викендов ја забележаа својата шеста победа, откако на гостувањето во Битола ја совладаа екипата на Пелистер со 17:24. Пионерите на Струга во текот целиот натпревар ја имаа контролата на натпреварот, на почетокот поведовме со 2:4, па имавме водство од 6:9, по што следуваше серија од 0:3 за конечни 6:12 после 20 минути игра. Во вториот дел предноста продолжи да расте до конечни 17:24. Во следното коло нашите пионери ќе одиграат дерби натпревар против екипата на Охрид која исто така има шест победи после шест одиграни кола.

РК Пелистер – КЛ7 Струга 17:24 6:12

КЛ7 Струга: Џигероски 2, Шапески, Илиески, Стрезоски 2, Галевски, Шулески 13, Симоноски, Иваноски, Попоски, Кочоски, Тутенкоски, Маркоски 2, Танкоски, Домазетоски 2, Маркоски 1, Спироски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин

Нашите најмлади пионерки забележаа нов очекуван пораз од поискусната екипа на ЖРК Куманово со 8:21. Иако стартувавме одлично и во првите резултатски не дозволувавме да се одвои екипата од Куманово, сепак на крајот од првиот дел со серија од 1:7 дојдоа до предност од 3:13. Во вториот дел нашите пионерки одиграа малку подобро, постигаа пет погодоци а примија осум. Во следното и последно коло гостуваме кај екипата на РК Металург.

ЖРК КЛ7 – ЖРК Куманово 8:21 3:13

ЖРК КЛ7: Самандова, Беровиќ, Георгиевска, Трајковска, Ѓорговска 1, Наче, А. Блажевска 3, Костенчева, Николова, Аврамовска, Т. Блажевска, Брљамова, Лазаровска, Стојчевска, Ѓурчевска 4, Перинска

Седмерци: / Исклучувања: 2 мин