КЛ7 Струга не успеа да го изненади фаворитот Металург

//КЛ7 Струга не успеа да го изненади фаворитот Металург

КЛ7 Струга не успеа да го изненади фаворитот Металург

Овој викенд се одигра четвртото коло од машката младинската лига на РФМ. КЛ7 ја совлада екипата на Вардар, додека нашите кадети од Струга за противник го имаа фаворитот Металург.

Првото полувреме му припадна на екипата на Металург, има резултатска и играчка контрола на натпреварот. Во 15 минута дојдоа до четири погодоци разлика 10:6, но нашите момци не се предаваа, па успеаа да се вратат во игра и да намалат на 12:10. Но повторно следеше нова серија од 3:0 на домаќинот и дојдоа до предност од пет погодоци односно 15:10. До крајот на првиот успеавме да намалиме на 16:13.

Во вториот дел видовме многу подобра игра на нашите момци па успеаа да се вратат во игра и да намалат на само еден погодок односно 21:20, до крајот на натпреварот не дозволувавме противникот да се одлепи, но ниту успеавме да израмниме. Се играше гол за гол се последниот напад. Во 59 минута имавме напад за израмнување, но Металург се одбрани и постигна гол за конечни 32:30

Ова беше прв пораз на нашите младинци од Струга. Во наредното коло на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Бутел.

КЛ7 Струга: Мишевски 3, Дуноски 2, Стрезоски, Христоски 4, Галевски, Шулески 1, Симоноски, Тренески, Борчески 1, Ѓоргоски 7, Костовски 10, Ѓоргиевски 1 и Ортаковски.

Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 минути.

2019-11-19T08:19:39+00:00 November 19th, 2019|Струга|0 Comments