Нова победа за нови три бодови во Првата лига

//Нова победа за нови три бодови во Првата лига

Нова победа за нови три бодови во Првата лига

Денеска ја забележавме петтата победа во Првата лига откако ја совладавме екипата на Преспа 2015 со 21:31 и дојдовме до нови три бодови.

Натпреварот започна со водство на екипата од Ресен, но за брзо време дојдовме до водство од 2:4 и не дозволивме до крајот на натпреварот противникот да се приближи резултатски. Во 22. минута дојдовме и до седум погодоци предност, 6:13, а на крајот од првиот дел резултатот гласеше 9:15.

Вториот дел продолжи во истиот ритам, како одминуваше времето, предноста растеше се до 54. минута кога  дојдовме и до 15 погодоци предност, 16:31. Но на крајот дозволивме противникот да направи серија од 5:0 и да го финишира натпреварот со конечни 21:31.

Во текот на оваа недела не очекуваат два натпревари од Првата лига на домашен терен, прво ни гостува екипата на Партизан од Гевгелија, а потоа Борец од Велес

Преспа 2015 – КЛ7 21:31 9:15

КЛ7: Богдановски, Џигероски 2, Трајкоски, Стојков 10, Крстески, Гучески 7, Миленков, Ѓоргиев 3, Петрески, Симоноски 8, Василев,  Илиески, Павлов, Димовски 1, Јорданов, Мирчески.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин

 

2019-11-17T19:39:29+00:00 November 17th, 2019|Главни Новости|0 Comments