Дербито во кадетска конкуренција за КЛ7

//Дербито во кадетска конкуренција за КЛ7

Дербито во кадетска конкуренција за КЛ7

Нашите кадети денес забележаа победа во натпревар кој го оправда епитетот дерби. Двете екипи кои се фаворити за освојување на првото место во групата 2, место кое води на финалната завршница одиграа возбудлив и неизвесен натпревар.

Натпреварот одлично го отворивме во одбраната не дозволивме да примиме гол 8 мин, а на другата страна постигнавме четири погодоци. Гостите се вратија во игра со серија од 2:0, но ние повторно ја вративме предноста од четири погодоци неколку минути подоцна, 9:5, неколку шанси не искористивме за поголема разлика па на крајот заминавме со три гола предност односно 15:12.

По паузата повторно одлично стартувавме па дојдовме и до предност од 17:12. Во 42 минута ги имавме и највисоките шест погодоци разлика односно 22:16. Кога мислевме дека натпреварот е завршен и победникот е решен, екипата на Металург се врати во игра со серија од 4:0, па во последните 10 минути од натпреварот влеговме во возбудлива и неизвесна завршница. Металург дојде на само еден погодок негатива и неколку пати пропуштија шанса за израмнување. Последниот напад ни припадна нам и одлично го одигравме, со што ја обезбедивме и петтата победа во низа.

Со оваа победа се наоѓаме на првото место со три бодови повеќе од второ пласираниот Металург.

КЛ7 – РК Металург 25:24 15:12

КЛ7: Трајков, Трајкоски 9, Крстески 3, Миленков 2, Николовски, Василев, Ерманоски, Илиески 3, Павлов 1, Димовски 6, Пасковски, Продановски, Јорданов 1, Мирчевски.

Седмерци: 4/4 Исклучува: 10 мин

2019-11-16T19:43:06+00:00 November 16th, 2019|КЛ7|0 Comments