КЛ7 Струга повторно подобар во градското дерби со РК Струга

//КЛ7 Струга повторно подобар во градското дерби со РК Струга

КЛ7 Струга повторно подобар во градското дерби со РК Струга

Вчерашниот пионерскиот натпревар помеѓу КЛ7 Струга и РК Струга заврши со убедлива победа на КЛ7 со резултат 20:9, но овој натпревар помина во знакот на публиката од Струга. Повеќе од 600 гледачи го проследија овој дуел во пионерска конкуренција што е доволен доказ дека ракометот во Струга се следи од најмладите категории.

Првиот дел започна со идентична игра на двете екипи, игра гол за гол. Неколку пати резултатот беше израмнет се до самиот крај кога КЛ7 успеа да се „одлепи“ на два голови разлика. Во вториот дел одбраната на нашата екипа екипа беше одлична и на висина на задачата, Галевски за 20 минути игра прими само 2 погодоци, додека на другата страна одличниот Шулески постига 5 погодоци, па на крај славевме убедливо со 11 погодоци разлика односно 20:9.

Oва беше петта победа за нашите пионери од Струга во петото коло од група 1. Во следното коло ќе се сретнат со екипата на Пелистер од Битола, натпревар закажан за утре (сабота) од 14 часот.

 

2019-11-15T17:11:27+00:00 November 15th, 2019|Струга|0 Comments