Преспа 2015 следен противник на КЛ7 во Првата лига

//Преспа 2015 следен противник на КЛ7 во Првата лига

Преспа 2015 следен противник на КЛ7 во Првата лига

По поразот од Тиквеш 2014, повторно не очекува тежок дуел во Првата лига, во шестото коло нашите млади момци за противник ќе ја имаат екипата на РК Преспа 2015.

Нашите млади момци после пет одиграни кола забележаа четрири победи и еден пораз и се наоѓаат на втората позиција, додека екипата на РК Преспа 2015 по воведните порази во првото коло од Младост Богданци и второто коло од Тиквеш 2014 забележаа три победи во низа и тоа против Јехона со 28:21, Партизан 30:21 и ГРК Борец 27:28. Моментално се наоѓаат на делба третата позиција со девет освоени бодови. Најдобри стрелци на „ресенчани“ се Даскаловски со 5.6 погодоци по натпревар и Шиклевски со 6.4 погодоци по натпревар.

Во останатите натпревари Јехона го пречекува Младост Богданци, Тиквеш 2014 е домаќин на Аеродром, додека Борец патува кај екипата на Партизан.

П ЕКИПА Бод Нат Поб Нер Изг Дад Гол При Гол Гол раз.
1 ГРК Тиквеш 2014 15 5 5 0 0 169 101 68
2 КЛ 7 12 5 4 0 1 149 110 39
3 РК Аеродром 9 5 3 0 2 147 136 11
4 Младост Бог. 9 5 3 0 2 130 120 10
5 Преспа 2015 9 5 3 0 2 130 126 4
6 Јехона 6 5 2 0 3 129 150 -21
7 Партизан 0 5 0 0 5 112 141 -29
8 ГРК Борец 0 5 0 0 5 96 178 -82

 

2019-11-14T16:19:18+00:00 November 14th, 2019|Главни Новости|0 Comments