Четири победи на нашите екипи во младинските категории

//Четири победи на нашите екипи во младинските категории

Четири победи на нашите екипи во младинските категории

По кратката пауза, овој викенд на терените се вратија и машките екипи во сите младински категории. Нашите екипи одиграа шест натпреварии, од кои четири завршија со победа, една нерешено и еден пораз.

Нашите најмлади пионерки забележаа нов пораз овој пат од екипата на Алушовски со резултат 16:24. Гостите во текот на целиот натпревар го имаа водството, нашите пионерки дури 10 пати се приближија на само еден погодок, но ниту еднаш не успеаа да израмнат, на крајот екипата на Алушовски со серија од 1:8 ги постави конечните 16:24

ЖРК КЛ7 – РК Алушовски 16:24 8:10

ЖРК КЛ7: Самандова, Беровиќ, Георгиевска, Пенева, Ѓорговска, Ѓоковиќ, Блажевска А. 6, Додевска, Костенчева 4, Николова, Аврамовска, Блажевска Т., Брљамова, Анчевска, Ѓурчевска 6, Лазаровска.

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 6 мин

Пионерите од Скопје одигра возбудлив натпревар против своите врсници од екипата на Аеродром. Во текот на целиот натпревар нашите пионери имаа минимално водство од еден погодок се до последната минута кога екипата на Аеродром за прв пат дојде до водство со 12:13. Со гол на пет секунди до крај нашите пионери и после пет одиграни кола останаа непоразени.

КЛ7 Скопје – РК Аеродром 13:13 7:7

КЛ7 Скопје: О. Василевски, Ќурчиев, Перуновски, Ниновски, Тричковски 2, Паскоски, Зафировски 4, Николовски, Маркоски, Проданоски, Билбилоски 4, Д. Василески, Глигоров 1, Проданов 2, Трајков,  Ѓорчевски.

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 14 мин

Пионерите од Свети Николе забележаа победа на гостувањето во Кочани против Младинец 2015 со резултат 19:24. Првиот дел му припадна на домаќинот каде водството беше на нивна страна па го завршија со водство од 12:11. Во второто полувреме одигравме многу подобро па со серија од 1:4 дојдовме до водство кое не само што не го испуштивме до крајот на натпреварот туку и зголемивме на максимални шест погодоци, 18:24.

РК Младинец 2015 – КЛ7 Свети Николе 19:24 (12:11)

КЛ7 Свети Николе: Ефремовски, Трајчев 8, Т. Атанасов, Ласкалов 6, Крстев 5, К. Атанасов, Тодоров 3, Лазаров, Ивановски, Андов 2, Гичев, Тодосовски, Г. Коцев, П. Коцев, Панев, Чекеровски

Седмерци: / Исклучувања: 2 мин

Кадетите на Свети Николе не го одиграа својот закажан натпревар против екипата на ГРК Тиквеш 2014, поради непојавување на гостинот, па истиот ќе биде запишан со службен резултат 10:0 за КЛ7 Свети Николе

КЛ7 Струга лесно дојде до победа против РК Младост Јуниори во кадетска конкуренција. Нашите момци брзо „отворија“ со серија од 5:0 и веќе имаа предност што беше недостижна за гостите од Ресен. До крајот на првиот дел дојдоа и до максимални 13 погодоци разлика односно 22:9. Во вториот дел шанса добија и помладите пионери, кои добро ја искористија и ги поставија конечните 47:20

КЛ7 Струга – Младост Јуниор Ресен 47:20 (22:9)

КЛ7 Струга: Галевски 1, Котевски, Мишевски 2, Костовски 3, Џигероски 2, Негриески 2, Ортакоски 4, Тутенкоски 3, Ѓоргиевски, Шулески 5, Бочески 3, Ѓорговски 3, Маркоски 6, Дуноски 7, Мариноски 6.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин

КЛ7 Скопје ја забележа својата четврта победа во кадетска конкуренција откако го совлада РК Аеродром со 27:33. Нашите кадети одлично го отворија натпреварот со серија од 2:8, предноста што ја одржувавме до самиот крајот на натпреварот. Првиот дел заврши со максимални седум погодоци разлика односно 12:19, а на крајот од натпреварот резултатот гласеше 27:33. Во следното коло нашите кадети ќе играат против екипата на Металург, натпревар кој ќе одлучи за првото место во групата 2

Аеродром – КЛ7 12:19 27:33

КЛ7: Трајков, Трајкоски 6, Крстески 3, Миленков, Зафировски, Василев 2, Ерманоски, Павлов 3, Илиески 8, Димовски 11, Паскоски, Продановски, Јорданов, Мирчески

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 6 мин

Младинците на КЛ7 Струга дојдоа до втората победа во младинска конкуренција откако во второто коло на гости го совладаа Јуниор Кисела Вода со 23:31. Натпреварот започна во изедначена борба, по водството на домаќинот од 2:0 за брзо време израмнивме на 2:2 по што следеа пет израмнување. Следеше серија од 1:8 што беше доволно за нова победа на КЛ7 Струга. До крајот на натпреварот не дозволивме резултатко приближување па на крајот конечниот резултат гласеше 23:31.

Јуниор Кисела Вода – КЛ7 Струга 23:31 (13:18)

КЛ7 Струга: Мишевски 2, Костовски 3, Негриески, Мариноски 2, Ортаковски, Христоски 7, Ѓоргиевски 4, Галевски, Шулески 1, Котески, Стрезоски, Бочески 1, Ѓорговски 8, Домазетоски, Танкоски, Дуноски 3.

Седмерци: 2/4 Исклучувања: 14 мин

 

2019-11-13T15:25:34+00:00 November 13th, 2019|Главни Новости|0 Comments