КЛ7 ја продолжи победничката низа и на тешкото гостување во Богданци

//КЛ7 ја продолжи победничката низа и на тешкото гостување во Богданци

КЛ7 ја продолжи победничката низа и на тешкото гостување во Богданци

Во четвртото коло од Првата лига на РФМ, нашите момци ја остварија четвртата победа на „жешкиот“ терен во Богданци против до сега несовладаната екипа на Младост Богданци.

Нашите момци одлично го отворија натпреварот, од почетокот ја имаа контролата на теренот, па веќе во 15. минута дојдовме до предност од 4-6, а за брзо време дојдовме и до предност од четири голови разлика односно 5:9. Домаќините успеаа да ја вратат разликата на само еден погодок, 9:10, но до крајот на првиот дел следеше наша серија од 0:4 и заминавме со предност од 9:14.

Вториот дел одлично го започнавме дојдовме и до максимална предност од шест погодоци, 10:16, но кога очекувавме дека лесно ќе го финишираме овој натпревар, искусниот тим на Младост Богданци знаеше како да ги искористи грешките на нашите момци и пред крајот на натпреварот влеговме во неизвесна завршница. Домаќини направија комлетен резултатски пресврт и во 53. минута за прв пат на натпреварот поведоа со 19:18. Нашите момци одлични се снајдоа во завршницата па успеа да ја вратат предноста прво со серија од 0:4 и да поведат со 19:22 со што веќе го решија победникот на овој натпреварот. Крајниот резултат гласеше 20:23 во корист на нашите момци.

Следното коло повторно ги очекува дерби дуел со Тиквеш од Кавадарци која исто така е непоразена после три одиграни кола

Младост Богданци – КЛ7 20:23 9:14

КЛ7: Џигероски, Трајкоски, Стојков 6, Крстески, Цветаноски 3, Даев, Ѓоргиев 2, Каковски 4, Петрески, Симоноски 3, Василевски, Павлов, Димовски, Гучески 5, Јорданов, Мирчевски

Седмерци: 3/5 Исклучувања: 4 мин

2019-10-12T08:00:08+00:00 October 11th, 2019|Главни Новости|0 Comments