Совршен викенд за КЛ7 во сите младински категории

//Совршен викенд за КЛ7 во сите младински категории

Совршен викенд за КЛ7 во сите младински категории

Младите категории на КЛ7 позади нас оставија одличен ракометен викенд исполнет со победи во сите категории. Од вкупно седум одиграни натпревари победа забележавме на сите седум натпревари.

Први започнаа пионерите од Струга кои во петокот ја совладаа екипата на Еурофарм Работник со 25:8. До оваа победа дојдовме полесно од очекувањата, откако во првиот дел примивме само два погодока а успеавме да реализираме 16. Вториот дел беше добра можност и за помладите пионери да добијат шанса и да ги постават конечните 25:8 и да им го нанесеме третиот пораз на Еурофарм Работник во пионерска конкуренција

КЛ7 Струга-Еурофарм Работник 25:8 16:2

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Спироски, Тутенкоски 1, Џигероски 7, Илиески,  Танкоски, Симоноски, Стрезоски 7, Анастасиески, Шулески 4, Кочоски 2, Домазетоски 1, Мариноски 2, Маркоски 1. Ѓорговски.

Седмерци: Исклучувања: 6 мин

Прва победа забележаа ЖРК КЛ7, откако славеа со 21:13 над ЖРК Драчево. Нашите пионерки одлично го стартуваат натпреварот со серија од 5:0. Тоа беше предност што ја одржувавме и зголемувавме во текот на целиот натпревар. Првиот дел заврши со предност од 10:2, а во второто полувреме ја имавме и максималната предност од десет погодоци, на крајот резултатот гласеше 21:13 за ЖРК КЛ7.

[Фотогалерија] Прва победа за пионерките на КЛ7

ЖРК КЛ7 – ЖРК Драчево 21:13 10:2

ЖРК КЛ7: Самандова, Пенева, Георгиевска, Трајковска, Ѓорговска, Најдовска 1, А. Блажевска 5, Додевска, Костенчева 4, Лазаровска, Аврамовска,Т. Блажевска 2, Брљамова 8, Анчевска, Беровиќ 1, Перинска

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 8 мин

Втората победа во серија за пионерите од Скопје откако ја совладаа екипата на РК Рисови со резултат 25:11. Натпреварот започна со игра гол за гол и неколку израмнувања. Нашите пионери се „одлепија“ дури во 17 минута кога дојдоа до предност од пет погодоци, а крајот од првиот дел го завршија со 14:7. Вториот дел го продолжи идентично како што и заврши, предноста продолжуваше да расте за максимални и конечни 25:11

[Фотогалерија] Втора победа во низа за пионерите од Скопје

КЛ7 Скопје – РК Рисови 25:11 14:7

КЛ7 Скопје: О. Василевски, Ќурчиев, Д. Паскоски 2, Ниновски 2, Андреевски, М. Паскоски 3, Зафировски 4, Николовски, Маркоски 3, Проданоски 4, Петровски, Д. Василевски, Глигоров 4, Проданов 3, Трајков. Ѓорчевски

Седмерци: 3/5 Исклучувања: 4 мин

Пионерите на Свети Николе дојдоа до својот втор триумф во пионерска конкуренција откако ги совладаа своите врсници од Прилеп со резултат 21:18. Натпреварот го отвориме со водство од 3:0, но гостите успеаа да се вратат во игра и да израмнат на 4:4, до крајот на првиот дел се играше гол за гол и успеавме со еден гол предност на заминеме на пауза. Вториот дел продолжи идентични, не успеававме да се одвоиме резултатски се до самиот крај кога дојдовме до четири голови предносно, 20:16 со што веќе беше решен победникот на  овој натпревар.

КЛ7 Свети Николе – РК Филип Вардар 21:18 9:8

КЛ7 Свети Николе: К. Атанасов, Крстев 9, Трајчев 1, Андов, Панев, Т. Атанасов, Кочиев, Даскалов 8, Ефремовски 3, Чекеровски, П. Коцев, Коцевски, Г. Коцев, Ивановски, Гичев, Лазаров.

Седмерци: 3/5 Исклучувања: 2 мин

По пионерите и кадетите на КЛ7 Струга го совладаа РК Еурофарм Работник. Натпреварот беше решен од самиот старт кога отворивме со серија од 7:0. Гостинот за кратко успеа да се врати во игра кога на крајот од првиот дел намали на четири погодоци 17:13. Но во вториот дел повторно ја вративме предноста и дојдовме до максимални десет погодоци разлика. Ова беше можност да добијат шанса и помладите од составот, па на крајот резултатот гласеше 34:29

КЛ7 Струга – РК Еурофарм Работник 34:29 17:13

КЛ7 Струга: Галевски 1, Котевски, Мишевски 4, Џигероски 1, Негриески, Мариноски, Христоски 7, Шулески 4, Мацески, Бочески 3, Јованоски, Костовски 3, Ѓорговски 7, Дуноски 2 ,Ѓоргиевски 2, Ортаковски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 10 мин

Кадетите на Свети Николе дојдоа до својата прва победа, откако ја совладаа екипата на РК Радовиш со резултат 34:32. Натпревар кој од самиот почеток имавме водсто во крајот на натпреварот. На средина на прво полувреме имавме предност од четири погодоци (8:4), а на крајот заминавме со пет голови разлика. Оваа предност добро ја чувавме се до крајот кога влеговме во драматична завршница, гостинот успеа да се доближи до само еден погодок разлика 33:32, но ние ги поставивме конечните 34:32 за прва победа во кадетска конкуренција

КЛ7 Свети Николе – РК Радовиш 34:32 20:16

КЛ7 Свети Николе: К. Атанасов, Крстев, Трајчев, Андов, Иванов 2, Т. Атанасов, Ангеловски 2, Даскалов, Тодосов, Велков 9, Спасевски, Станоев 2, Стаменков, Стефановски, Алексовски 13, Буровски 6.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 14 мин

Младинците на КЛ7 Струга ставија печат на овој совршен викенд, тие ја совладаа екипата на РК Вардар со резултат 23:19. Натпревар со две различни полувремиња, првото му припадна на гостинот, каде беше противник во текот на сите 30 минути игра. Успеаа да поведат со 0:3, предност што ја зачуваа до крајот на првиот дел односно 8:11. Во вториот дел нашите момци одиграа многу подобро во одбраната што за брзо време донесе и водство од 15:14. За кратко Вардар повторно го превзема водството на 15:16 и тука застана гостинот. Следеше серија од 5:0 за комотно водство од четири голови разлика и мирен финиш на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 23:19

КЛ7 Струга – РК Вардар 23:19 8:11

КЛ7 Струга: Галевски, Котевски, Мишевски 1, Дуноски 1, Маркоски, Негриески, Христоски 2, Шулески 2, Тутенкоски, Бочески 1, Костовски 4, Ѓорговски 10, Кочовски, Стрезоски, Ѓоргиевски 2, Ортаковски

Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин

 

2019-10-06T13:17:24+00:00 October 6th, 2019|Главни Новости|0 Comments