Нова победа за три од три во Првата лига

//Нова победа за три од три во Првата лига

Нова победа за три од три во Првата лига

Денеска се одигра третото коло од Првата лига, по двете гостувања, нашите момци за прв пат ја имаа улогата на домаќин во спортската сала на ОУ Круме Кепески во Кисела Вода, пред полни трибини. За противник ја имавме екипата на РК Аеродром кој пред овој дуел беа непоразени како и нашата екипа.

Натпреварот започна со силно наше темпо и за брзо време имавме водство од шест погодоци разлика, 7:1 . Добрата игра во одбрана успеа да го задржи противникот на само 4 погодоци за 22 минути игра и максимални 11 погодоци разлика односно 15:4. Потоа следеше наше опуштање со што дозволивме противникот на крајот од првиот дел да направи серија од 1:5 и да намали на 16:9.

Во вториот дел не дозволивме резултатско приближување, предноста ја одржувавме до самиот крај на натпреварот за конечни 34:25 и трета победа.

Следното коло гостуваме во Богданци кај непоразениот Младост Богданци кој исто како и нас има три победи од толку натпревари.

КЛ7 – Аеродром 34:25 16:9

КЛ7: Богдановски, Џигеровски 1, Трајковски, Стојков 11, Крстевски 1, Цветаноски, Ѓоргиев 6, Петрески, Каковски 2, Симоноски 6, Даев 1, Илиески, Павлов, Димовски, Гучески 6, Мирчевски

Седмерци:  3/3 Исклучувања: 6 мин

2019-10-05T21:07:16+00:00 October 5th, 2019|Главни Новости|0 Comments