Победи над Ангели Вардар и РК Струга во кадетска конкуренција

//Победи над Ангели Вардар и РК Струга во кадетска конкуренција

Победи над Ангели Вардар и РК Струга во кадетска конкуренција

Вчера, четврток беше „резервиран“ за натпревари во кадетска конкуренција за КЛ7. Прво кадетите од Струга во градското дерби ја совладаа екипата на РК Струга, а потоа КЛ7 од Скопје убедливо славеше над Ангели Вардар.

Натпреварот во Скопје беше со две различни полувремиња. Првото полувреме видовме цврста одбрана на двете страни и дури осум пати резултатот беше израмнет, на крајот заминавме само со еден погодок разлика, 12:11.

Второ полувреме започна со деветото израмнување 12:12 и тоа беше последното на овој натпревар. Нашите момци заиграа многу подобро, не дозволија лесни погодоци а нападот беше расположен па за пет минути игра во второто полувреме веќе имавме водство од шест голови разлика 19:13. Предност постепено растеше пред самиот крај дојдовме и максимални 13 погодоци разлика, но со гол во последната секунда Ангели Вардар ги поставија конечните 33:21

КЛ7 – Ангели Вардар 33:21 12:11

КЛ7: Трајков, Трајковски 7, Крстевски 5, Миленков 3, Глигоров, Василев, Ерманоски, Илиески 4, Павлов 1, Димовски 12, Паскоски, Проданов, Јорданов 1, Мирчески

Седмерци: 5/6 Исклучувања: 6 мин Црвен Картон Владимир Трајковски

Нашите кадети повторно го добија дербито во Струга против РК Струга, овој пат со резултат 24:28.

Натпреварот започна со игра гол за гол и така беше се до 18 минута кога резултатот беше 6:6. Потоа следеше наша серија од 0:5 и веќе имавме водство кое го одржавме до крајот на натпреварот. На крајот од првиот дел резултатот беше 11:14

Во второто полувреме РК Струга се обидуваше да се врати во игра и но се што успеа да направи е да намали на само два погодоци разлика(17:19). Потоа следеше наша серија од 2:9 со што веќе беше решен победникот на натпреварот.  Во последните 5 минути имаше наше непотребно опуштање, со што противникот постигна 5 погодоци а ние ниту еден па на крајот резултатот гласеше 24:28

РК Струга – КЛ7 Струга 24:28 11:4

КЛ7 Струга: Мишевски 1, Дуноски 2, Мариноски, Негриески, Христоски 5, Галевски, Шулески 1, Јованоски, Котевски, Бочески 2, Костовски 1, Ѓорговски 10, Мацески, Ѓоргиевски 6, Ортаковски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин Црвен Картон: Мишевски Били

2019-10-04T14:48:36+00:00 October 4th, 2019|Главни Новости|0 Comments