Преку 1000 деца и оваа сезона ќе се освежуваат со ЛАДНА на КЛ7 Куп

//Преку 1000 деца и оваа сезона ќе се освежуваат со ЛАДНА на КЛ7 Куп

Преку 1000 деца и оваа сезона ќе се освежуваат со ЛАДНА на КЛ7 Куп

“Новата” ЛАДНА ја продолжува општествената одговорност кон највредното, децата и најдоброто за нив спортот. Од скоро во модерен редизајн на амбалажата, омилената вода на децата од школите на капитенот ЛАДНА и оваа сезона ќе ја гасне нивната жед на натпреварите од интерното натпреварување на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, КЛ7 КУП, кое и оваа година ќе се реализира на територија на целата држава и ќе опфати повеќе од 1000 момчиња и девојчиња на возраст од 7-14 години.

Квалитетот, составот се исти на водата ЛАДНА која се полни од изворот “Бреза”. Почитувајќи ја природата и околината ЛАДНА со новиот редизајн излегува во пресрет на оние чии прв избор е оваа вода.

Водата е особено важна за добро ментално и физичко здравје, кои се од фундаментално значење за секој спортист, а благодарение на квалитетот на водата ЛАДНА нашите ракометари и ракометарчиња ќе внесат квалитетна и чиста вода.

Се гледаме во сала!

2019-10-03T14:30:08+00:00 October 3rd, 2019|Главни Новости|0 Comments