Нова гостинска победа на КЛ7 во Првата лига

//Нова гостинска победа на КЛ7 во Првата лига

Нова гостинска победа на КЛ7 во Првата лига

Нашите момци ја забележаа втората победа во второто коло од Првата лига. По победата над Борец, овој пат гостувавме во Гостивар кај екипата на Јехона и забележавме победа со 27:34

Натпреварот започна со игра гол за гол, каде неколку пати пробавме да се одлепиме резултатски но домаќинот имаше одговор и за брзо време успеваше да дојде до изедначување. Последното изедначување беше во 21. минута кога беше 11:11, потоа следеше наша серија од 1:8 до крајот на првото полувреме што се покажа како доволна за победа на овој натпревар.

Во вториот дел домаќинот се обидуваше да се врати во игра и да ја намали негативата, за момент успеаа да се вратат и да намалат на 24:26, но нашите момци за брзо време ја вратија предноста од шест погодоци (25:31) со што веќе беше решен победникот на натпреварот. Конечниот резултат на крајот гласеше 27:34

Во следното коло ќе се сретнеме со екипата на РК Аеродром која исто така има две победи и е непоразен. Натпреварот ќе се одигра во сабота во 13:30 во спортската сала Круме Кепески во Кисела Вода

РК Јехона – КЛ7 27:34 (12:18)

КЛ7: Богдановски, Џигероски 2, Трајкоски, Стојков 10, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Ѓоргиев 2, Петрески, Каковски, Симоноски 6, Василев, Илиески, Павлов 1, Димовски 4, Гучески 8

Седмерци:3/4  Исклучувања: 6 мин

2019-09-30T09:32:14+00:00 September 30th, 2019|Главни Новости|0 Comments