Пионерите на КЛ7 од Скопје со само еден примен погодок за едно полувреме

//Пионерите на КЛ7 од Скопје со само еден примен погодок за едно полувреме

Пионерите на КЛ7 од Скопје со само еден примен погодок за едно полувреме

Пионерите од Скопје ја забележаа својата прва победа за оваа сезона. Во првото коло ако малку не делеше од целиот плен и заминавме со еден бод од гостувањето во Бутел, но овој пат забележавме убедлива победа во Чаир против Ринија со резултат 5:23

Натпреварот започна со серија од 0:3, противникот намали на 1:3 и тоа беше се што направија во првото полувреме. Нашите момци одиграа одлично во одбрана и успеа да ја задржат екипата на Ринија на само еден погодок додека на другата страна да постигнат осум погодоци за конечни 1:11 после 20 минути игра.

Во вториот дел шанса добија и нашите помлади пионери и да ги постават конечните 5:23.

Наредното коло нашите пионери на домашен терен ќе играат против екипата на РК Рисови

РК Риниа – РК КЛ7 5:23 (1:11)

РК КЛ7: Василевски, Ќурчиев, Д. Пасковски 2, Ниновски, Тричковски 2, М. Пасковски 6, Зафировски 3, Перуновски, Николов, Продановски 3, Маркоски 1, Глигоров 2, Трајановски, Проданов 3, Трајков, Ѓорчевски.

Седмерци: 0/2 Исклучувања 2 мин

2019-09-29T12:05:04+00:00 September 29th, 2019|Кисела Вода|0 Comments