Викендот ќе стартува и кадетската лига на Ракометната федерација на Македонија. За прв пат оваа сезона КЛ7 ќе има три претставници во оваа лига, покрај кадетите од Струга ќе се натпреваруваат и кадетите од Свети Николе и Скопје.
Во групата 2, деби настап за КЛ7 од Скопје, кој во сабота(28.09) во 10:30 ќе гостува во Велес кај екипата на РК Велес 2009.
Кадетите од Свети Николе во првото коло ќе бидат гости на Астраион од Струмица, а натпреварот ќе се одигра во сабота(28.09) од 12 часот во спортската сала „Парк“.
Како и минатата сезона во првото коло повторно ќе има градско дерби, РК Струга против актуелниот кадетски шампион КЛ7 Струга. Натпреварот е закажан во четврток(03.09) во спортска сала Тими од 19:30.