Во Аеродром нова група наменета за најмалите ракометарчиња

//Во Аеродром нова група наменета за најмалите ракометарчиња

Во Аеродром нова група наменета за најмалите ракометарчиња

Школата за ракомет КЛ7 како дел од својата развојна стратегија за отворање на нови секции и овозможување на што поголем број на дечиња да се запознаат со ракометната игра, во Општина Аеродром, во салата при О.У „Блаже Конески“ отвори уште една група наменета за најмалите ракометарчиња, момчиња и девојчиња родени 2010 и помали, со кои ќе работи Професорот по физичка култура и поранешна ракометарка Катерина Контески.

Имајќи предвид возраста на членовите во оваа група особен акцент ке биде ставен на развиток на различни моторички способности, на држење на телото, на подобрување на координацијата, рамнотежата, агилноста, снаодливост, брзината и силата, како особини кои неминовно ги поседува секој модерен ракометар. Не помалку ке се обрне внимание на начинот на однесување на младите ракометари како посебен, но составен и многу важен дел од формирањето на секоја личност.

За повеќе информации за термините и тренинзите можете да се информирате кај нашиот тренер Катерина Контески на 076 407 406

2019-09-17T18:39:33+00:00 September 17th, 2019|Аеродром|0 Comments