КЛ7 за прв пат со женска пионерска екипа во новата сезона

/, Кисела Вода/КЛ7 за прв пат со женска пионерска екипа во новата сезона

КЛ7 за прв пат со женска пионерска екипа во новата сезона

За прв пат оваа сезона КЛ7 ќе има своја женска пионерска екипа која ќе биде дел од  системотот на натпреварување во организација на Ракометната федерација на Македонија. Прaво на учество ќе имаат пионерки родени 2004 год и помлади.

ЖРК КЛ7 е екипа која е составена од девојчиња од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ родени 2006 и помали.

Нашите девојки ги започнаа своите подготовки и го одбележаа стартот на првата генерација ЖРК КЛ7. Тренер на пионерките ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и тренер на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ и ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, Влатко Котески.

2019-08-16T20:55:57+00:00 August 16th, 2019|Главни Новости, Кисела Вода|0 Comments