По завршувањето на финалната средба беа доделени екипните медали и пехари, а потоа беа прогласени и најдобрите поединци.
Во идеалниот тим на турнирот од тренерите на екипите кои се најдоа на финалната завршница беа одбрани следните ракометари:
Голман: Митко Петрески – КЛ7
Лево Крило: Андреј Јосески – РК Прилеп
Лев бек: Кристијан Симоноски – КЛ7 Струга
Среден бек: Дејан Џигероски – КЛ7 Струга
Десен бек: Давид Саврески РК Вардар
Десно крило: Евгениј Темелковски – РК Прилеп
Пивот: Трајче Мицески – Еурофарм Работник
Пехарите и наградите од нашите партнери Алпско и Ладна ги додели директорот на ракометната федерација на Македонија, Милчо Чакарески
Најдобар голман: Митко Петрески – КЛ7 Струга
Наградата за најдобар голман на финалната завршница ја додели еден до најдобрите ракометни судии во светот Славе Николов
Најдобар стрелец: Кристијан Симоноски со 23 погодоци – КЛ7 Струга
Наградата за најдобар стрелец на овој турнир ја додели репрезентативнито крило, Гоце Ојлески
МВП: Дејан Џигероски – КЛ7 Струга
Наградата за најкорисен играч на овој турнир ја додели поранешниот македонски репрезентативец Горан Ѓоргоноски