Овој викенд се одигра и третиот КЛ7 Куп Запад, а домаќин беше градот со најубавото езеро односно нашата школа КЛ7 Охрид заедно со нашите тренери Наум Јамандиев и Наташа Попоска Карче.
Покрај екипите на КЛ7 Охрид, учествуваа и КЛ7 Струга заедно со нашите тренери Дејан и Ѓоко Коцареви и КЛ7 Битола со Борче Маркоски и Кирил Атанасовски. Повеќе од 220 деца учествуваа на третиот КЛ7 Куп Запад каде одиграа 15 натпревари.
Најмалите ракометари односно генерација 2011 и помали го отворија КЛ7 Купот а потоа по нив следеа повозрасните односно 2009 и помали и 2006/08. Видовме повеќе возбудливи и неизвесни натпревари како кај поголемите така и кај нашите најмали ракометари, почетници.
Стандардно победници на овој куп беа нашите ракометарчиња кои покажаа голема желба за победа на натпреварите и да покажат што научиле во текот на тренинзите кои ги поминале со своите тренери.