Симоноски, Џигероски и Стојков дел од кадетската репрезентација на турнирот во Бугојно

//Симоноски, Џигероски и Стојков дел од кадетската репрезентација на турнирот во Бугојно

Симоноски, Џигероски и Стојков дел од кадетската репрезентација на турнирот во Бугојно

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска ќе учествува на силен меѓународен турнир во Бугојно. Нашите кадети се во тешка група заедно со Германија, Швајцарија и Србија што ќе биде одличен тест пред август каде ќе бидеме домаќини на Светското кадетско првенство.

Дел од кадетската репрезентација се и нашите „бронзени“ младинци од КЛ7 Струга, Симоноски, Џигероски и Стојков.

Македонија денеска на репертоар ќе има два натпревари. Прво „отвараме“ со Германија од 11:15ч, а од 19:00 часот со Србија.  Утре од 13 часот ќе ги одмериме силите со Швајцарија.

На следниот КАНАЛ можете да ги проследите сите натпреварите од турнирот во Бугојно.

Со среќа момци !

2019-04-18T08:43:01+00:00 April 18th, 2019|Главни Новости|0 Comments