КЛ7 Струга се заблагодари на Кирил Лазаров

//КЛ7 Струга се заблагодари на Кирил Лазаров

КЛ7 Струга се заблагодари на Кирил Лазаров

Викендов во Струга се одигра финалната завршница во пионерска конкуренција. Нашата екипа, КЛ7 Струга го освои второто место, што е најдобар пласман на една финална завршница.

Овој настан професорот Јаковче Матлиески заедно со ракометарите и родителите од КЛ7 Струга го искористија да се заблагодарат на нашиот капитен, Кирил Лазаров кој ја препозна работата на Ивни Јуниор и се одлучи да помогне за да создаде уште подобри услови за поголем развој на нашите деца.

КЛ7 е присутен во Струга од август 2017, каде прво преку школите за ракомет кои работат Дејан и Ѓоко Коцарески, а потоа со младинските екипи на кој тренер е Јаковче Матлиески. Во првата сезона од своето постоење КЛ7 Струга успеа да се пласира на финалната завршница во младинска и пионерска конкуренција, додека наредната сезона веќе оствари пласман во младинска конкуреција, каде нашите младинци успеаа да го освојат третото место и викендов, пионерите да го остварат најдобриот пласман, вицешампиони. На добар пат за уште еден пласман се и нашите кадети.

 

2019-04-08T10:32:03+00:00 April 8th, 2019|Струга|0 Comments