Во финалето на пионерската завршница ќе се сретнат екипите на КЛ7 Струга и РК Металург

//Во финалето на пионерската завршница ќе се сретнат екипите на КЛ7 Струга и РК Металург

Во финалето на пионерската завршница ќе се сретнат екипите на КЛ7 Струга и РК Металург

Денеска се игра финалната завршница во пионерска конуренција, на неа се пласираа екипите на КЛ7 Струга, РК Алушовски, РК Металург и Рк Шампион.

Во првoтото полуфинале кое започна од 10:30 го одиграа екипите на КЛ7 Струга и РК Алушовски. И заврши со победа на екипата на КЛ7 Струга со резултат 17:14.

Натпреварот започна со силно темпо на КЛ7 Струга каде поведоа со 3:0 и 5:1.  Но екипата на РК Алушовски успеа да се врати во игра и пред крајот второтo полувреме да дојде до 7:5.

Второто полувреме започна со одлична игра на РК Алушовски и за брзо време ја превзеде иницијативата и успеа да поведе со 7:8, на неколку пати и не успеаа да го зголемат водството за помирен крај. Но пионерите на КЛ7 Струга успеаа да ги казнат грешките на противникот и не само што успеаа да се вратат во игра туку и да поведат со 4 голови разлика, односно 15:11 и веќе беше познат првиот финалист. На крајот конечниот резултат беше 17:14

КЛ7 Струга – РК Алушовски 17:14 7:4

КЛ7 Струга: Галевски, Исмаилоски, Дуноски 1, Џигероски, Негриески, Христоски 3, Шулески 1, Јованоски, Шипинкароски, Тутенкоски, Ѓоргоски 4, Мишевски 6, Стрезоски, Мемед, Ѓоргиевски 1, Бочески 1

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин

РК Алушовски: Костадиновски, Начевски 2, Велков, Стојчевски, Деспотовски, Абдулкрим, Пановски, Атанасиевиќ Пав. 4, Атанасиевиќ Пет. 1, Донев 3, Хазир, Ивановски, Кристевски 1, Гајдовски, Павловски, Табаковски 3.

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 10 мин Црвен Картон: Табаковски

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во второт полуфинале од 12 часот се сретнаа екипите на РК Металург и РК Шампион. Во овој дуел екипата на РК Металург беше фаворот и ја оправдаа таа улога.

Натпреварот започна со 2:2 и неколку промашени шанси на РК Шампион да поведе. Металург тоа го казни со серија од 3:0 и потоа предноста само растеше, до максимални седум голови предност по првите 20 минути игра и конечни 15:8.

Второ полувреме продолжи во ист ритам, Металург ја зголеми предоста и до 10 голови разлика (19:9). Следеше подобра игра на Шампион каде успеа да намали на 27:24 на една минута при крај, што беше недоволно за изненадување и целосен пресврт. Конечниот резулат гласи 28:24.

Со оваа победа екипата на РК Металург „закажа“ дуел  со КЛ7 Струга од 18 часот за првото место, додека екипите на РК Шампион и РК Алушовски ќе играат за третото место од 16:30.

РК Металург – РК Шампион 28:24 15:8

РК Металург: Ацевски, Димевски 2, Фидановски 2, Субашевски 1, Димковски, Тотиќ, Стојановски 1, Петровски 5, Јорданов, Јазанџиев, Петковски 7, Брестовац, Мелоски 4, Николов 2, Стојковиќ 3, Андревски 1.

Седмерци: / Исклучувања: 6 мин

РК Шампион: Аспровски, Митевски1, Јосифовски 3, Николовски 4, Терзиевски, Серафимовски 2, Крстиќ 7, Јорданов 3, Јордановски, Сотировски, Чолаков 1, Краљивски, Фичоровски 1, Кочаров 2, Соколовски, Младеновски.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин

ФОТОГАЛЕРИЈА

2019-04-06T11:29:23+00:00 April 6th, 2019|Главни Новости|0 Comments