Младиот Ѓорговски од КЛ7 Струга, најдобар играч на „фајнл фор“ завршницата

/, Струга/Младиот Ѓорговски од КЛ7 Струга, најдобар играч на „фајнл фор“ завршницата

Младиот Ѓорговски од КЛ7 Струга, најдобар играч на „фајнл фор“ завршницата

После финалниот натпревар во пионерска конкуренција следеше делот каде екипите ги добија своите пехари а играчите своите медали.

Исто така беше избран и најдобриот тим на оваа финална завршница во пионерска конкуренција.

Во ALL STAR тимот имаше место за двајца наши играчи од КЛ7 Струга, тоа беа голманот Иван Галевски и левиот бек Емилијан Ѓорговски.

Ѓорговски покрај тоа што беше одбран за најдобар лев бек, ја понесе наградата и најдобар стрелец а и едногласно избран од тренерите на финалната завршница за најдобар играч на овој турнир.

ALL STAR тим за 2019

Голман: Иван Галевски – КЛ7
Лево Крило: Бранко Јосифовски – РК Шампион
Лев бек: Емилијан Ѓорговски – КЛ7 Струга
Среден бек: Филип Петровски – РК Металург
Десен бек: Филип Николов РК Металург
Десно крило: Александар Петровски – РК Металург
Пивот: Стефан Донев – РК Алушовски

Наградите и признанијата ги додели нашиот капитен, Лазаров Кирил. За секој играч следеа пригодни награди од нашите партнери, Алпско, Д спортска опрема и Ладна

ФОТОГАЛЕРИЈА

2019-04-06T19:32:19+00:00 April 6th, 2019|Главни Новости, Струга|0 Comments