Металург е пионерски шампион, КЛ7 со најдобар пласман во финална завршница

/, Струга/Металург е пионерски шампион, КЛ7 со најдобар пласман во финална завршница

Металург е пионерски шампион, КЛ7 со најдобар пласман во финална завршница

Во финалето на пионерската конкуренција заслужено се најдоа најдобрите екипи, РК Металург и КЛ7 Струга. Финалната возбуда не изостана денеска, па следеше драматична завршница каде на крајот РК Металург беше посреќната екипа и на крајот заслужено се закити со златниот медал.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Првиот дел од натпреварот му припадна на КЛ7 Струга, поведе со 2:1, па потоа следеше серија на Металург каде го превземаа водството и го одржуваа до крајот на првото полувреме, односно 8:12.

Второто полувреме започна во идентичен ритам, се што пробуваше да направи КЛ7 Струга, РК Металург имаше одговор и ја одржуваше предноста од пет погодоци. Потоа следеше комплетна наша доминација каде полека успевавме да ја топиме предноста на противникот, па со серија од 4:0 успеавме да се доближиме на само еден погодок.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

Во последните 30 секунди, Металург имаше шанса за победа, но нашите момци успеаа да пресечат топка и да организираат полуконтра, но заврши неуспешно. Последниот шут и шансата за израмнување беше запрена од голманот на Металург, што значеше дека може да започне славјето за новиот пионерски шампион, екипата на РК Металург.

Ова е најголем успех за КЛ7 Струга, ова беше прв пласман во едно финале на финална завршница во сите младински натпреварувања.

ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЛИ И ПЕХАРИ

КЛ7 Струга – РК Металург 20:21 (8:12)

КЛ7 Струга: Галевски, Исмаилоски, Дуноски 3, Негриески, Кочоски, Стрезоски, Христоски 2, Шулески 3, Јовановски, Домазетовски, Ѓорговски 7, Мишески 3, Стрезоски, Мемед, Ѓоргиевси 2, Бочески.

Седмерци: 1/3 Исклучувања: 4 мин

РК Металург: Ацевски, Димевски 6, Фидановски, Субашевски, Димковски, Тотиќ, Стојановски, Петровски 3, Јорданов, Јазаџиев, Петковски 3, Мелоски 1, Николов 5, Стојковиќ, Андревски

Седмерци 2/2  Исклучувања: 6 мин 

Во натпревар за третото место екипата на РК Алушовски ја совлада екипата на РК Шампион со резултат 24:16

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

2019-04-06T19:02:20+00:00 April 6th, 2019|Главни Новости, Струга|0 Comments