Во борба за третото место КЛ Струга убедливо го порази градскиот ривал

//Во борба за третото место КЛ Струга убедливо го порази градскиот ривал

Во борба за третото место КЛ Струга убедливо го порази градскиот ривал

Во натпревар на две екипи кои на овој завршен турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.

КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот.

Ова беше натпревар кој помина во целосна наша контрола. Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нашиот противник. За брзо време дојдовме до водство од 7:3 и успеавме да го задржиме до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше наше мало опуштање и му дозволивме на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12

Второто полувреме помина во целосна наша доминација. На почетокот отворивме со серија од 7:2 и дојдовме до водство од шест голови разлика и веќе познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор“ добија и нашите пионери кои не само што не дозволија да ја намалат разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19.

Крајниот резултат гласеше 31:21, со што нашата екипа втор пат по ред го освојува третот место на една финална завршница во младинска конкуренција.

Како и вчера така и денес наши најдобри стрелци беа Симоноски со дури 10 погодоци и Џигероски кој постигна 7 погодоци. А на голот одличен беше Петрески.

КЛ7 Струга – РК Струга 31:21 13:12

КЛ7 Струга: Петрески, Мишевски, Дуноски, Џигероски 7, Попоски 2, Јовчев, Гучески 3, Христоски, Галевски, Шулески 1, Симоноски 10, Пајкоски 5, Бочески, Ѓорговски 2, Стојков 1, Стрезоски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 12 мин

Фото: Ohrid News

2019-03-31T16:24:24+00:00 March 31st, 2019|Струга|0 Comments