Лошиот старт ни го скрати финалето во младинска конкуренција

//Лошиот старт ни го скрати финалето во младинска конкуренција

Лошиот старт ни го скрати финалето во младинска конкуренција

Екипата на КЛ7 Струга втор по ред не успева да се пласира во финалето на младинскиот „фајнл фор“, откако беше совладан од РК Охрид со 28:23 во СРЦ „Билјанини Извори“.

Лошиот старт во првото полувреме не ни дозволи да се радуваме на победа против РК Охрид. Натпреварот го отворија „домаќините“, но брзо вративме за израмнување на 1:1 и потоа следеше лош период за нашите младинци каде направивме многу грешки а противникот знаеше да ги искористи. Веќе во 10 минута имавме негатива шест голови разлика (7:1), што беше и одлучувачка до крајот на натпреварот.

После таа серија, нашите момци прикажаа далеку подобра игра, онаа игра како што бевме навикнати преку целата сезона. Полека ја топевме предноста на противникот, па од 13:7 направивме серија 0:3 и дојдовме до негатива од три голови разлика. Во последниот напад од првото полувреме не успеавме да реализира за два голови разлика па заминавме со конечни 15:12

Второто полувреме продолжи во ист ритам гол за гол. РК Охрид неколку пати дојде разлика од пет голови разлика а ние се што успевавме е да стигнеме до три погодоци разлика, што не беше доволно за целосен пресврт. Конечниот резултат на натпреварот гласи 28:23.

Најдобри стрелци кај нашиот состав беа Џигероски и Симоноски со осум односно седум погодоци.

Денеска во малото финале нашите момци ќе играат против екипата на РК Струга од 15:30 часот

РК Охрид – КЛ7 Струга 28:23 15:12

КЛ7 Струга: Петрески, Мишевски, Дуновски, Џигероски 8, Попоски, Јовчев, Гучески 2, Христоски , Галевски, Шулески, Симоноски 7, Пајкоски 2, Бочески, Ѓорговски, Стојков 4, Ѓоргиевски.

Седмерци: 5/7 Исклучувања: 10 мин.

2019-03-31T10:34:52+00:00 March 31st, 2019|Струга|0 Comments