Кристијан Симоноски најдобар лев бек на „фајнл фор“ завршницата

//Кристијан Симоноски најдобар лев бек на „фајнл фор“ завршницата

Кристијан Симоноски најдобар лев бек на „фајнл фор“ завршницата

Покрај трофејот за третото место на финалниот турнир во младинска категорија, КЛ7 Струга, односно нашиот Кристијан Симоноски го понесе и признанието најдобар лев бек на финалната завршница во младинска конкуренција.

Симоноски во полуфиналето против екипата на РК Охрид постигна седум погодоци додека во „малото финале“ против екипата на РК Струга, прикажа повторно фантастична игра и постигна десет погодоци со што заслужено го однесен приматот најдобар лев бек.

За најдобар стрелец е прогласен Костов од Охрид со 18 погодоци, еден повеќе од нашиот Симоноски, а три повеќе од Џигероски.

За најдобар ракометар беше прогласен Стефан Додиќ од Металург, а за најдобар голман Мартин Божиновски и двајцата од Металург. Во најдобриот состав уште имаше место за Кондев(лево крило), Симоноски (лев бек), Ивановски (среден бек), Серафимов(десен бек), Костески (десно крило) и Димитриески (пивот)

2019-03-31T20:27:42+00:00 March 31st, 2019|Главни Новости|0 Comments