КЛ7 дел од завршниот турнир за младинци овој викенд во Охрид

/, Струга/КЛ7 дел од завршниот турнир за младинци овој викенд во Охрид

КЛ7 дел од завршниот турнир за младинци овој викенд во Охрид

Овој викенд (30/31март) во Охрид ќе се одигра завршниот турнир за младинци каде покрај нашата екипа КЛ7 Струга ќе  настапат Металург 2, РК Струга и РК Охрид.

Во полуфиналните натпревари кои ќе се одиграат во сабота силите ќе ги одмерат Охрид – КЛ7 односно Струга – Металург 2.

Распоред на натпреварите:

Сабота:

17.00 ч.:  Струга – Металург 2

19.00 ч.:  Охрид – КЛ7

Недела:

15.30 ч.:  Меч за трето место

17.30 ч.:  Финале

 КЛ7 Струга ја освои втората позиција во група 1 со освоени 35 бодови. Во 14 кола успеа да забележи 11 победи и еден пораз, а два натпревари завршија со нерешен резултат.

Ова е втор по ред Final 4 за нашите младинци откако лани во полуфиналето несреќно загубивме од Металург 2 со резултат 21:20. А потоа во натпреварот за трето место по изведување на пенали успеавме да славиме над РК Борец со 19: 21 (19:19 – 10:10)

2019-03-27T16:33:11+00:00 March 27th, 2019|Главни Новости, Струга|0 Comments