Во последното коло од пионерската лига КЛ7 со две победи и еден пораз

/, Св. Николе, Струга/Во последното коло од пионерската лига КЛ7 со две победи и еден пораз

Во последното коло од пионерската лига КЛ7 со две победи и еден пораз

Овој викенд се одигра последното коло од пионерската лига на ракометната федерација на Македонија. Нашите екипи кои се натпреваруваат во група 1, група 3 и група 4 забележаа две победи и еден пораз.

Нашата најмлада селекција, КЛ7 Кисела Вода е поразен тесно од РК Илинден Вардар со резултат 17:21. Пионерите добро го отворија  од 3:2 и неколку шанси за повисоко водство. Но потоа се играше игра гол за гол се до 16. минута и резулат 7:7. Потоа следеше еден период каде нашата екипа комплетно се загуби на теренот и дозволи на гостинот да направи серија од 0:7 и конечни 7:14 по првите 20 минута игра.

Во второт полувреме видовме комплетна нова игра од нашата екипа каде одлично играше во одбраната и нападот. Па од 9:18, на три минути до крај се вративме во игра со резултат 17:19, но немавме сили за комплетен пресврт и на крајот резултатот гласеше 17:21.

КЛ7 Кисела Вода – Илинден Вардар 17:21 (7:14)

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Ангеловиќ, Пецановски, Дупљак, Богоевски 3, Тричковски, М. Пасковски 4, Д. Паскоски 1, Трајановски, Панчевски, Василевски, Зафировски 3, Продановски 1, Блажевски 5, Проданов, Николовски

Седмерци: 1/1 Исклучување: 4 мин.

 

Екипата на КЛ 7 Свети Николе ја забележа својата осма победа, овој пат успеаа да ја декласираат екипата на РК Бисинов со резултат 26:6. Во првото полувреме одбраната на нашите пионери беше на високо ниво, примајќи само еден погодок, а постигнавме 13 погодоци.

Второто полувреме продолжи во ист ритам, каде постигнавме повторно 13 погодоци и примивме само шест погодоци. На крај ги поставивме конечните 26:6.

На овој натпревар не само што сите наши пионери добија шанса и сите се запишаа во листата на стрелци.

КЛ7 Свети Николе – Бисинов Вардар 26:6 (13:1)

КЛ7 Свети Николе: Станоев 1, Тодосов, К. Атанасов 1, Даскалов 2, Петров 2, Крстев 3, Иванов 4, Цековски 2, Трајчев, Алексовски, 3, Спасевски 1, Арсевски 2, Ангеловски 1, Стаменков, Стефановски, Т. Атанасов 2

Седмерци: 1/2 Исклучувања:  /

 

Во последното коло од пионерската лига, КЛ7 Струга ја забележа и својата 13 победа. Овој пат ја совладаа екипа на РК Пелистер со резултат 14-16.

Во првото полувреме не видовме многу погодоци па после 20. минути игра резултатот беше 4:8. Во вториот дел следеше мало опуштање што домаќините знаеа како да го искористата и да стигнат до предност од 12:11. Брзо возвративме со серија од 0:3 и не дозволивме изненадување до крајот на натпреварот.

КЛ7 Струга како првопласиран се пласира на финалната завршница која ќе се одржи 6/7 април.

РК Пелистер – КЛ7 Струга 14:16 (4:8)

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Мишевски 3, Дуноски 3, Џигероски, Негриески, Стрезоски, Христоски 2, Шулески, Бочески 2, Мариноски, Ѓоргиевски 2, Ѓорговски 4, Стрезоски, Домазетоски, Мемед

 Седмерци: 3/4 Исклучувања:  4 мин

2019-03-25T13:58:24+00:00 March 25th, 2019|Главни Новости, Св. Николе, Струга|0 Comments