Третиот КЛ7 КУП Север во знакот на хуманоста на нашите ракометарчиња и КРИК

/, Главни Новости, Куманово/Третиот КЛ7 КУП Север во знакот на хуманоста на нашите ракометарчиња и КРИК

Третиот КЛ7 КУП Север во знакот на хуманоста на нашите ракометарчиња и КРИК

Изминатиов викенд во салата на ОУ „Круме Кепески” во општина Кисела Вода се одигра првиот КЛ7 КУП север за 2019 година.

На него учествуваа преку 120 деца од школите на капитенот од Аеродром, Кисела Вода, Драчево и Куманово. Купот го отворија нашите најмали ракометарчиња генерација 2009 и помали. Тие играа мини ракомет давајќи максимум од себе си, со што покажаа колку се редовни на тренинзите и колку го сакаат ракометот. Имаше доста голови и голема радост при секое затресување на мрежата.

[Фотогалерија] Многу ракомет и многу голови за најмалите

Вториот дел од купот беше резервиран за малку поголемите и за најголемите ракометари. На децата родени 2007 и помали им беше дадена можност да играат на голем терен и за прв пат да ја почуствуваат вистинската димензија на ракометот. Овој дел од купот отпочна со натпреварот на поголемите деца од КЛ7 кои заедно со гостите од Центарот за младински активизам ЦМА Крик формираа два тима.

Гостите добро се вклопија во играта а едно од децата гости покажа дека одлично се снаоѓа како чувар на мрежата. Во знак на поддршка на лицата со Даунов синдром ракометарчињата од КЛ7 носеа шарени чорапчиња.

[Фотогалерија] Шанса за најмалите на голем терен

Сликата од секој куп горе-долу е иста, разликата е во напредокот на децата и нивниот степен погоре во учењето на ракомет. Овој куп север беше “заблажен” со дел од палетата на производите на “Колид фудс”. Благодарност и до општина Кисела Вода како и до родителите на нашите ракометари кои секогаш несебично се дел од организацијата, Костенчев, Проданов, Панчевски, Андоновски…

Публиката како и секогаш на ниво, со вистинско навивачко бодрење за комплетна натпреварувачка атмосфера.

2019-03-25T19:21:54+00:00 March 25th, 2019|Аеродром, Главни Новости, Куманово|0 Comments