КЛ7 Струга дел од хуманитарна трка за лицата со Даунов синдром

//КЛ7 Струга дел од хуманитарна трка за лицата со Даунов синдром

КЛ7 Струга дел од хуманитарна трка за лицата со Даунов синдром

КЛ7 Струга вчера трчаше на хуманитарната трка која беше посветена на лицата со Даунов синдром. Со тоа го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром – 21 март.

Трката се движеше по кејот на реката Црн Дрим во должина од два и од пет километри, а целта на истата беше подигнување на свеста кај луѓето и собирање поддршка за организирање гала вечер за лицата со посебни потреби од Струга.

Првата трка за поддршка на лицата со Даунов синдром во Струга беше посветена на Анастазија Жупан, лице со Даунов синдром кое неодамна почина.

2019-03-25T07:27:10+00:00 March 25th, 2019|Струга|0 Comments