Кадетите на КЛ7 Струга со убедлива победа го отворија пролетниот дел од сезоната

//Кадетите на КЛ7 Струга со убедлива победа го отворија пролетниот дел од сезоната

Кадетите на КЛ7 Струга со убедлива победа го отворија пролетниот дел од сезоната

Вчера започна и вториот дел од кадетската лига на РФМ. Кадетите на КЛ7 Струга го одиграа својот прв натпревар за оваа пролетна полусезона. Првиот дел од првенството нашите кадети го завршија на првото место и по осум одиграни кола запишаа седум победи и еден нерешен резултат.

Во десетото коло нашата екипа забележа убедлива победа против екипа на РК Пелистер со резултат 39:25. Натпреварот го започнаа нашите поискусни кадети и за брзо време успеаа да направат недостижна разлика од девет погодоци 15:6, што беше добра можност, нашите помлади пионери да добијат шанса на овој натпревар, кои продолжија во истиот ритам и на крајот од првиот дел дел резултат гласеше 24:13

Вториот дел продолжи со исто темпо, разликата постепено растеше до максимални 14 голови и конечен резултат 39:25

Најдобар стрелец во нашата екипа беше Симон Гучески кој постигна седум погодоци.

Во следното коло нашите кадети гостуваат во Ресен кај екипата на РК Преспа Вардар

КЛ7 Струга – РК Пелистер 39:25 24:13

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 3, Дуноски 2, Џигегоски 5, Негриески, Гучески 7, Христоски 4, Шулески, Симоноски 6, Бочески 2, Ѓорговски 4, Стојков 2, Стрезовски 2, Ѓоргиевски 2

Седмерци: 2/3 Исклучувања: 12 мин

 

2019-03-24T08:13:40+00:00 March 24th, 2019|Струга|0 Comments