Децата со Даунов синдром гости на КЛ7 КУП Север

//Децата со Даунов синдром гости на КЛ7 КУП Север

Децата со Даунов синдром гости на КЛ7 КУП Север

Денес светот го одбележува денот на лицата со Даунов синдром, во чест на овој датум кој треба секојдневно да не потсетува дека сите сме исти под ова небо, школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ во сабота ќе има драги учесници.

Имено на престојниот КЛ7 КУП Север чест ни е што првиот натпревар ќе го одиграат нашите ракометари со гостите од Центарот за младински активизам ЦМА Крик.

Тие ќе бидат во тимовите кои ќе го отворат првиот куп север за оваа година во кој учествуваат децата од КЛ7 од Скопје, Куманово и Тетово. Со ова сакаме да потврдиме по кој знае кој пат дека постојано треба да зборуваме за ЛИЧНОСТИ а не за различности, а инклузијата на лицата со Даунов синдром во општеството мора да биде императив за секој од нас. Купот ќе се одржи во спортската салата „Архиепископ Доситеј“ при ОУ “Круме Кепески” во општина Кисела Вода, а почетокот е предвиден за 09.00 часот.

Се гледаме во сала

2019-03-21T14:17:53+00:00 March 21st, 2019|Главни Новости|0 Comments