22 Март – Интернационален ден на водата

//22 Март – Интернационален ден на водата

22 Март – Интернационален ден на водата

ОН овој ден 22 март го прогласија за Светски ден на водата ставајќи акцент на важноста на водата на глобално ниво. Х2О или вода е составен дел на секое живо суштество на планетава. Според светските статистики на еден човек дневно му се потребни 50 литри вода за да ги изврши сите свои потреби поврзсни со оваа течност која е темел на животот. А колку вода е потребна за правилно функционирање на организмот на спортистите. На ова прашање одговор ни дадоа нашите партнери ЛАДНА и Жан Митрев клиник и зошто течностите се многу важен дел за физичката подготвеност на младите спортисти.

Врз спортската изведба може да влијае и она што спортистот го пие, на кој начин го конзумира тоа и во кое време. Течностите помагаат во регулирање на телесната температура и го надополнуваат губитокот на пот при вежбање.

Кога има повисоки температури и поголема влажност, спортистот повеќе се поти и потребни е поголема количина течности за да остане хидриран. Дехидрираноста може да го намали перформансот и да го зголеми ризикот за топлотен удар. За добра хидрација битен е режимот на земањето на течности, односно, кога и колку вода се внесува за правилно надополнување на загубите на вода во текот на физичката активност и за регулирање на телесната температура. Количеството на течност кое е потребно зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ги возраста и волуменот на телото. Потребно е да се консумира од 400 мл до 600 мл ладна вода, 2 до 3 часа пред физичката активност. За време на спортувањето, треба да се консумираат од 150 мл до 300 мл течност на секои 15 до 20 минути. При тренинзи или натпревари кои траат помалку од еден час консумирањето на вода е доволно, а доколку траат повеќе од еден час и/или се одвиваат на место со повисока температура и влажност, препорачливо е да се внесуваат спортски напитоци кои содржат јаглехидрати и натриум хлорид за да ги надоместат губитоците на енергија и електролити.

По физичката активност, спортистот би требало да прими доволно течност за да ја надополни изгубената пот за време на вежбањето. Ова значи дека е потребно внесување на течност отприлика 1.5 литри на еден килограм изгубена течност.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК

2019-03-22T17:47:38+00:00 March 21st, 2019|Главни Новости|0 Comments