Повеќе од 150 деца го почувствуваа натпреварувачкиот дух и тимската игра на КЛ7 КУП Исток

/, Главни Новости, Св. Николе, Стојаково/Повеќе од 150 деца го почувствуваа натпреварувачкиот дух и тимската игра на КЛ7 КУП Исток

Повеќе од 150 деца го почувствуваа натпреварувачкиот дух и тимската игра на КЛ7 КУП Исток

Школата на Капитенот од општина Чешиново-Облешево беше домаќин на првиот КУП Исток за оваа година. Преку 150 деца од Чешиново-Облешево, Богданци, Стојаково, Гевгелија, Дојран, Делчево и Свети Николе беа дел од овој куп, сите обединети под името “Кирил Лазаров 7”.

Се одиграа 14 натпревари кои како и секогаш децата ги очекуваа со нетрпение. Учествуваа сите генерации кои беа поделени според нивната возраст. Купот го отворија најмалите од општината домаќин кои пред многубројната публика во спортската сала „Никола Карев“ покажаа дека добро ги научиле првите ракометни лекции.

Насмевките на детските лица потврдија колку денот им беше посебен. Иако овие натпревари се без резултатско значење децата го почувствуваа натпреварувачкиот дух и тимската игра. Домаќин тренер беше Евица Стојанова која организациски доби чиста 10 ка.

Голема благодарност за организација на овој турнир до општина Чешиново-Облешево, Основното училиште “Климент Охридски“, „Слога“ од Облешево и пицерија „Стефано“ од Чешиново.

Овој викенд (23.03) ќе се организира и третиот КЛ7 Куп Север, а домаќин ќе биде Скопје во спортската сала Архиепископ Доситеј во општина Кисела Вода.