Пионерите на КЛ7 Струга го совладаа Еурофарм Работник

//Пионерите на КЛ7 Струга го совладаа Еурофарм Работник

Пионерите на КЛ7 Струга го совладаа Еурофарм Работник

Во претпоследното кого од пионерската лига нашите пионери успеаа да го совладат Еурофарм Работник и со тоа да се вратат за единствениот пораз во есенскиот дел.

КЛ7 Струга од самиот старт започна со силно темпо и за брзо време дојде до предност од четири погодоци, 6:2. Потоа предноста растеше за максимални девет голови разлика по првите 20 минути игра, односно 14:5.

Вториот дел беше добра можност за нашите помали пионери да добијат шанса на овој натпревар а дел од нив и да се запишат во листата на стрелци.

Пионерите на КЛ7 Струга се наоѓаат на првата позиција во група 3 и ќе учествуваат на финалната завршница. Во последното коло ќе гостуваат во Битола кај РК Пелистер

КЛ7 Струга – РК Еурофарм Работник 25:15 14:5

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски,  Мишески 4, Џигероски 1, Негриески 1, Стрезоски 1, Чакар, Шапески 1, Христоски 2, Мацевски, Шулески 4, Мариноски 1, Ѓорговски 7, Ѓоргиевски 3 и Попоски

Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8 мин

 

2019-03-18T11:33:48+00:00 March 18th, 2019|Струга|0 Comments