Нов пораз на нашите најмлади пионери

//Нов пораз на нашите најмлади пионери

Нов пораз на нашите најмлади пионери

Пионерите на КЛ7 Кисела Вода забележаа нов пораз во пионерската лига на РФМ. Овој пат иако пружија одличен отпор против поискусниот противник, фаворитот РК Вардар сепак на крајот заминуваме со пораз од СЦ Јане Сандански

Првиот дел го одбележаа малиот број на голови на двете страни. Натпреварот започна со наше водство од 1:2 и неколку пропуштени шанси за поголемо водство. Се до 15 минута, нашиот голман Василевски беше вистинска енигма за вардарци каде успеаа да постигнат само 4 погодоци. Потоа следеше наша ненамерна грешка каде беше исклучен наш играч, а тоа нашиот протиивник добро го казни и за брзо време направи серија од 8:2 и конечни 12:5 по 20 минути игра.

Во вториот дел продолживме со нашата лоша игра па противникот дојде до недостижна предност што доведе во игра да добијат шанса и нашите најмлади, еден од нив е и Огнен Александров роден 2009 година.

Во последното коло нашата екипа ќе игра во четврток со РК Илинден Вардар од 20:30 во спортската сала Круме Кепески – Кисела Вода

РК Вардар – КЛ7 Кисела Вода 24:11 12:5

КЛ7 Кисела Вода: Трајковски, Александров, Бановски, Ниновски, Д. Пасковски 3, Г. Николовски, Богоевски 1, Василевски, Андреевски, Продановски 1, Блажевски 4, Тричковски, Зафировски 2, М. Пасковски, К. Николовски, Проданов

Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин

 

2019-03-18T12:02:24+00:00 March 18th, 2019|Галерија|0 Comments