Младинците на КЛ7 Струга со убедлива победа го завршија регуларниот дел

//Младинците на КЛ7 Струга со убедлива победа го завршија регуларниот дел

Младинците на КЛ7 Струга со убедлива победа го завршија регуларниот дел

Младинците на КЛ7 Струга во последното коло од младинската лига забележаа нова убедлива победа овој пат против РК Еурофарм Работник со резултат 29:41.

Нашата екипа од стартот ја имаше резултатската контрола на натпреварот, па после 30 минути игра беше 11:19

Второто полувреме започна во ист ритам како што и заврши второто па во 45. минута дојдовме до највисоки 17 голови разлика односно 20:37. Потоа следеше опуштање и дозволивме противникот да направи серија од 9:4 за конечни 29:41.

Повторно наши најдобри стрелци беа Симоноски со десет погодоци, Џигероски со девет погодоци и Гучески со осум погодоци.

Ова беше последно коло од младинската лига, нашата екипа во групата 2 се пласираше на втората позиција и ќе игра на финалната завршница.

РК Еурофарм Работник – КЛ7 Струга 29:41 11:19

КЛ7 Струга: Петрески, Спироски, Дуноски 2, Џигероски 9, Попоски 3, Гучески 8, К. Симоноски 10, Пајкоски 4, Тутенкоски, Стрезоски 1, Домазетоски, Бочески 4 и Ф. Симоноски

Седмерци: 3/7 Исклучувања: 4 мин

2019-03-18T10:45:31+00:00 March 18th, 2019|Струга|0 Comments