Пораз на КЛ7 Кисела Вода во 10-тото коло од пионерската лига

//Пораз на КЛ7 Кисела Вода во 10-тото коло од пионерската лига

Пораз на КЛ7 Кисела Вода во 10-тото коло од пионерската лига

Екипата на КЛ7 Кисела Вода забележа нов пораз во рамките на пионерската лига, овој пат од првопласираниот РК Металург кој оваа сезона има 100% учинок во пионерската лига.

Иако добро го започнавме натпреварот и имавме неколку шанси за водство против денешниот фаворит, сепак гостинот знаеше како да ги искористи сите наши грешки и првото полувреме да го реализира во нивна корист со 5:12.

Вториот дел го одигравме далеку порамнопрано со РК Металург, нашите напади беа поусшешни а во одбрана поконцентирано. Крајниот резултат гласеше 14:22.

Во последните две кола нашата екипа гостува кај РК Вардар и ќе биде домаќин на РК Илинден.

КЛ7 Кисела Вода – РК Металург  14:22 (5:12)

КЛ7 Кисела Вода: Трајков, Петровски 1, Василевски, Чурчиев, Ниновски, М.Пасковски 1, Дупљак, Богоевски, Василевски, Продановски, Тричковски 2, Зафировски 3, Д.Пасковски 1, Николовски, Проданов, Блажевски 6.

Седмерци: /   Исклучувања: 4 минути.

2019-03-10T22:16:34+00:00 March 10th, 2019|Галерија|0 Comments