По пионерите и младинците со пласман на финалната завршница

//По пионерите и младинците со пласман на финалната завршница

По пионерите и младинците со пласман на финалната завршница

Еден ден по остварениот пласман на пионерите на финалната завршница и младинците успеаа да ја остварат истата цел. Денеска беше совладана екипата на  РК Пролет 62 со резултат 35:27.

Од самиот старт на натпреварот започнавме одлично и за брзо време ја имавме контролата на резултатот, па по 10 минути игра имавме предност од 8:4. Во текот на првото полувреме продолжи нашата одлична игра во одбраната каде за 30.минути игра успеавме противникот да го запреме на само 10 постигнати погодоци, а во нападот да постигнеме 18 погодоци.

Во вториот дел разликата продолжи да расте до максимални 11 погодоци разлика односно 23:12. До крајот на натпреварот само ја одржувавме разликата за конечни 35:27.

Со оваа победа ја остваривме нашата цел пласман на финалната завршница втор пат по ред. На едно коло пред крајот ќе се задржиме на втората позиција со четири бодови предност пред Вардар Јуниор.

Денеска најдобар стрелец беше Симон Гучески со девет постигнати погодоци. A по него Симоноски го заврши натпреварот со осум погодоци, додека Стојков и Џигероски со шест односно пет погодоци. А на голот беше повторно одличниот Петрески.

КЛ7 Струга – РК Пролет 35:27 18:10

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Дуноски, Џигероски 5, Попоски 1, Јовчев 1, Гучески 9, Христоски 1, Шулески, Симоноски 8, Пајкоски 4, Мишески, Ѓорговски, Стојков 6, Стрезоски, Ѓоргиевски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин

2019-03-10T21:11:25+00:00 March 10th, 2019|Струга|0 Comments