Пионерите на КЛ7 Струга втор пат по ред на финалната завршница

//Пионерите на КЛ7 Струга втор пат по ред на финалната завршница

Пионерите на КЛ7 Струга втор пат по ред на финалната завршница

Младите пионери на КЛ7 Струга на две кола пред крајот на првенството успеаа да се пласираат на финалната завршница во пионерската конкуренција. Во градското дерби бевме подобар противник од РК Струга со 19:21.

Во текот на целиот натпревар ја имавме контролата на натпреварот па успеавме брзо да поведеме со 3:8, следеше мало наше опуштање во играта со што Струга на крајот од првото полувреме се приближи резултатски 8:10.

Второто полувреме повторно го стартувавме со мини серија и ново водство од четири погодоци (10:14), а по 10. минути игра ги имавме и максималните шест погодоци разлика односно 13-19. Идентично како и во првиот дел, повторно следеше наше мало опуштање во играта со што му дозволивме на противникот да се приближи на само еден погодок 19:20. Но Шулески во следниот напад реализираше за конечни 19:21 и нови три бодови на КЛ7 Струга.

Денеска на голот го имавме одличниот Галевски кој ја „спушти ролетната“ од неговиот гол и беше вистинска енигма за противникот со четири запрени седмерци, додека во нападот повторно Ѓорговски беше најдобар стрелец со осум погодоци.

Во последните две кола остануваат да се одиграат натпреварите со Еурофарм Работник и РК Пелистер.

РК Струга – КЛ7 Струга 19:21 (8:10)

КЛ7 Струга: Галевски, Исмаиловски, Мишевски 4, Дуноски 2, Негриески, Христоски 3, Шулески 1, Бочески 2, Домазетоски, Тутенкоски, Ѓорговски 8, Јованоски, Стрезоски, Мемед, Ѓоргиевски, Пинтоски

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин

2019-03-09T19:44:01+00:00 March 9th, 2019|Струга|0 Comments