Одигран одложениот натпревар против РК Борец

//Одигран одложениот натпревар против РК Борец

Одигран одложениот натпревар против РК Борец

Вчера во СЦ Тими се одигра одложениот младински натпревар против екипата на ГРК Борец. Гостите од Велес допатуваа ослабени па ова беше добра можност нашите пионери и кадети да го одиграат скоро целиот натпревар.

Иако натпреварот започна тешко за нашата екипа, Борец успеа на почетокот да поведе со 1:3. Но тоа беше се што видовме од гостите на овој натпревар. Следеше серија од 6:0 на КЛ7 Струга и водство кое веќе беше недостижно за екипата од Велес. По 30 минути игра дојдовме до максимални 11 голови разлика односно 21:10.

Во второто полувреме успеавме да постигнеме дури 29 погодоци, што е рекордно за нас оваа сезона во сите категории и да ги поставиме конечните 50:19. Покрај тоа што сите успеаа да  добијат шанса да настапат на овој натпревар и сите се запишаа во листата на стрелци.

Младите пионери Христоски и Ѓорговски беа наши најдобри стрелци со 11 односно седум постигнати погодоци. А одличен учинок имаше и Галевски кој успеа да запре три седмерци на гостите.

Во следното коло(10.03) нашите младинци го пречекуваат Пролет во СЦ Тими од 11 часот. Со победа и официјално ќе се пласираат по втор пат на финалната завршница во младинска конкуренција

КЛ7 Струга – РК Борец 50:19 21:10

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 2, Дуноски 1, Џигероски 4, Пајкоски 2, Гучески 2, Христоски 11, Шулески 3, Попоски 2, Бочески 5, Ѓорговски 7, Стојков 5, Стрезоски 2, Ѓоргиевски 4.

Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин

 

2019-03-08T14:11:23+00:00 March 8th, 2019|Струга|0 Comments