Нашите најмлади пионери продолжуваат со добрите настапи во вториот дел од првенството

//Нашите најмлади пионери продолжуваат со добрите настапи во вториот дел од првенството

Нашите најмлади пионери продолжуваат со добрите настапи во вториот дел од првенството

КЛ7 Кисела Вода забележа нов пораз во рамките на пионерската лига во група, овој пат од фаворитот Ангели Волково.

Нашите најмлади пионери продолжуваат со добрите настапи во вториот дел од првенството. Ако во првиот дел успеавме да загубиме катастрофално од Ангели Волково со резултат 12:33, на овој натпревар во првото полувреме имавме резултатска неизвесност и далеку подобра игра.

Натпреварот го отворивме лошо, на домаќините му дадовме шанса да отвори со серија од 4:0, на  која брзо одговоривме ние со серија од 1:4. Игравме гол за гол се до 17. минута каде резултатот гласеше 9:8. Противникот успеа да ги искористи сите нашите грешки и за брзо време да направи предност од 5 погодоци односно 13:8.

Вториот дел продолжи во исто темпо гол за гол, Ангели Волково успеа да ја задржи предноста до крајот на натпреварот и да ги постави конечните 27:19.

На овој натпревар сите добија шанса, меѓу кои нашите најмлади пријавени ракометри, Костенчев кој е 2009г. и Панчевски 2007г.

Следното коло нашите момци ќе се домаќини на првопласираниот Металург во недела од 11 часот во спортската сала на Круме Кепески во Кисела Вода.

РК Ангели Вардар Волково – КЛ7 Кисела Вода 27:19 13:8

КЛ7 Кисела Вода: Анѓелковиќ, Панчевски, Д. Василевски, Костенчев, Ниновски, М. Паскоски 1, Дупљак, Богоевски 3, О. Василевски, Блажевски 8, Продановски, Тричковски 2, Зафировски 4, Д. Паскоски, Николовски, Проданов 1.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин

2019-03-05T13:15:25+00:00 March 5th, 2019|Галерија|0 Comments