КЛ7 пропушти победа против „суперлигашот“ Вардар Јуниор

//КЛ7 пропушти победа против „суперлигашот“ Вардар Јуниор

КЛ7 пропушти победа против „суперлигашот“ Вардар Јуниор

КЛ7 Струга денес беше многу блиску да го изненади фаворитот Вардар Јуниор по втор пат оваа сезона во младинска конкуренција. Сепак на крајот нашите момци успеаа да освојат бод во „Јане Сандански“ и сега се многу блиску до пласман на финалната завршница на две кола пред крајот.

Денес видовме супер квалитетен натпревар од двете страни каде пружија одлична игра за публиката. Првото полувреме му припадна на Вардар Јуниор каде многу брзо се одели со четири голови разлика односно 8:4. Со серија од 0:3 нашите момци не дозволија противникот да го заврши натпреварот уште во првиот дел. Вардарци успеаа повторно да се одлепат на четири разлика во 23. минута (14:10) и 26.минута (16:12), но и на тоа возвративме па на крајот од првиот дел заминавме со негатива од еден гол разлика односно 16:15

Во второто полувреме долго време се играше гол за гол и во неколку наврати екипите се менуваа во водството, првото водство за КЛ7 Струга дојде во 45. минута со резултат 22:23. Така беше се до крајот на натпреварот каде во 58. минута имавме и водство од два погодоци односно 31:33. Кога мислевме дека победата ја имаме во наши раце сепак домаќините постигнаа два брзи погодоци за нерешено и краен резултат 33:33.

Најдобри поединци во нашата екипа беа Кристијан Симоноски со дури 12 погодоци и Александар Стојков со осум погодоци, додека на голот беше одличниот Митко Петрески каде забележа 16 интервенции од кои 4 седмерци.

Во последните две кола нашите младинци ќе одиграат дома со РК Пролет 62 и на гости со Еурофарм Работник. Со само една победа КЛ7 Струга повторно ќе обезбеди финална завршница во младинска конкуренција.

РК Вардар Јуниор – КЛ7 Струга 33: 33 (16:15)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски , Дуновски, Џигероски 4, Попоски, Јовчев 2, Гучески 4, Христоски, Симоноски 12, Пајкоски 3, Бочески, Ѓорговски, Стојков 8, Стрезоски, Ѓоргиевски.

Седмерци: 2/2 Исклучувања: 12 мин

2019-03-03T18:32:12+00:00 March 3rd, 2019|Струга|0 Comments