КЛ7 Струга на чекор до финалната завршница во пионерска конкуренција

//КЛ7 Струга на чекор до финалната завршница во пионерска конкуренција

КЛ7 Струга на чекор до финалната завршница во пионерска конкуренција

КЛ7 Струга денес забележа нова убедлива победа во пионерска конкуренција откако го совлада РК Енхалон со 22:9 и се наоѓа на чекор до пласман на финалната завршница

РК Енхалон го отвори натпреварот со водство од 1:0, но тоа беше се што успеаа да направат во првиот дел, потоа за 18 минути постигнаа уште два погодоци а нашата екипа 10, со што го завршија првото полувреме со предност која ќе биде недостижна во вториот дел.

Овој натпревар беше одлична можност да добијат шанса и нашите најмлади пионери, како што се голманите Попоски и Спироски кои се генерација 2006. Сепак тоа не беше пречка најмладите да ја одржат и зголемат разликата па крајниот резултат гласеше 22:9.

Во текот на натпреварот имаме прекин од 15 минути поради тоа што двајца играчи од РК Енхалон, Петрески и Баткоски во меѓусебен судир завршија со помали повреди каде интервенираше Брзата помош. КЛ7 им посака на Петрески и Баткоски што побрзо опоравување и враќање на тренинг.

Во следното коло од пионерската лига е дербито против екипата на РК Струга

КЛ7 Струга – РК Енхалон 22:9 10:3

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Мишевски 1, Дуноски 2, Џигероски, Негриески 3, Стрезоски, Христоски 5, Шулески 3, Бочески 1, Кочоски 2, Тутенкоски 1,  Ѓорговски 2, Стрезоски 2, Спироски и Ѓоргиески.

Седмерци: 0/0 Исклучувања: 8 мин

 

2019-03-02T21:08:05+00:00 March 2nd, 2019|Струга|0 Comments