Во „езерското“ дерби КЛ7 Струга ги однесе бодовите

//Во „езерското“ дерби КЛ7 Струга ги однесе бодовите

Во „езерското“ дерби КЛ7 Струга ги однесе бодовите

КЛ7 Струга забележа нова важна победа и го продолжи патот кон финалната завршница во пионерска конкуренција. Во денешното дерби нашите пионери беа подобар противник од екипата на РК Охрид со резултат 22:16.

КЛ7 Струга ја имаше контролата на резултатот во сите 40 мин игра. Во првото полувреме нашата одлична и колективна игра ни донесе добра предност од пет погодоци, да примиме само шест, а да постигнеме 11 погодоци.

Во второто полувреме противникот успеа да ја намали разликата на само три погодоци во неколку наврати но нашите момци не дозволија изненадување и во последните минути Дуноски со два погодоци ги постави конечните 22:16.

Со оваа победа остануваме на првата позиција и два бодови повеќе од РК Струга. Во следното коло повторно сме домаќини овој пат против екипата на РК Енхалон.

КЛ7 Струга – РК Охрид 22:16 11:6

КЛ7 Струга: Галевски, Попоски, Мишевски 1, Дуноски 4, Џигероски, Негриески, Стрезоски, Шапески,  Христоски 3, Бочески 4, Кочоски, Тутенкоски,  Ѓорговски 7, Стрезоски, Мемед, Ѓоргиески 2, Шулески 1,

Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин Црвен Картон: Ѓоргиески Дејан

2019-02-24T20:02:54+00:00 February 24th, 2019|Струга|0 Comments