Вчерачните тренинзи во школите на капитенот во Скопје ги реализиравме со најинтересното за децата а тоа се меѓусебните натпревари. Играа сите и малите и малку поголемите наши ракометари од школите на КЛ7 Аеродром и КЛ7 Кисела Вода. Резултатот не беше битен, а овие натпревари се повеќе од корисни за да се спроведат во пракса и да се научат правилата на играта од мали нозе.
Ова ќе ни биде практика се почесто.