КЛ7 Свети Николе со пораз во десетото коло од пионерската лига

//КЛ7 Свети Николе со пораз во десетото коло од пионерската лига

КЛ7 Свети Николе со пораз во десетото коло од пионерската лига

Во 10-тото коло од пионерската лига на РФМ, КЛ7 Свети Николе беше гости на РК Алушовски. Во натпревар каде домаќинот ја имаше контролата на играта и резултатот успеа да забележи победа со 24:15.

Нашите момци успеаа само во првото полувреме да парираат на денеска подобриот противник. Домаќинот отвори со 2:0, успеавме да се вратиме во игра и да дојдеме до 4:3, но не и да дојдеме до израмнување, па по првите 20 мин резултатот беше 11:8.

Во второто полувреме очекувавме подобра игра и да се вратиме во игра за подобар резултат но РК Алушовски успеа да ја зголеми разликата и до максимални 10 голови предност пред крајот на натпреварот.

Во следното коло повторно гостуваме, кај РК Астраион во Струмица.

 

2019-02-24T19:08:49+00:00 February 24th, 2019|Св. Николе|0 Comments