КЛ7 Струга ја забележа својата осма победа во младинска конкуренција

//КЛ7 Струга ја забележа својата осма победа во младинска конкуренција

КЛ7 Струга ја забележа својата осма победа во младинска конкуренција

По поразот од Металург 2, младинците на КЛ7 Струга се вратија на победите откако вчера ја совладаа екипата на РК Прилеп со резултат 29:21.

Иако почетокот од првиот дел му припадна на гостинот каде прво водеше со 1:3, а па потоа со 6:8, сепак нашите момци успеаа со серија од 4:0 да го свртат натпреварот и да го одржат водството до крајот на првото полувреме каде заврши со минимална предност од 13:12

Во второто полувреме не дозволивме изненадување на РК Прилеп, а нашата предност постепено растеше за максимални девет голови разлика во 59. минута и нова победа во младинската конкуренција.

Со оваа победа КЛ7 Струга останува на втората позиција, место кое води на финалната завршница. Во следното коло КЛ7 гостува во Скопје кај „суперлигашот“ РК Вардар Јуниор кој моментално се наоѓа на третата позиција

КЛ7 Струга – РК Прилеп 29: 21 (13:12)

КЛ7 Струга: Петрески, Галевски, Мишевски 2, Дуновски 2, Џигероски 4, Попоски 1, Јовчев, Гучески 6, Христоски 1, Шулески, Симоноски, Пајкоски 5, Бочески 2, Ѓорговски 2, Стојков 1, Ѓоргиевски 3.

Седмерци: 2/4 Исклучувања: 6 мин

2019-02-24T13:09:38+00:00 February 24th, 2019|Струга|0 Comments